Турски државјанин во кола превезувал 110 килограми хашиш

0
103

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, турски државјанин, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, на 25 октомври, во возилото Цитроен кое го управувал, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – хашиш во вкупна количина од околу 110 килограми, спакувана во 114 пакувања ставени во картонски кутии и торби во просторот за багаж. Дрогата требало да ја пренесе на непозната локација, а бил откриен и фатен на излезот од паркинг простор на магистралниот пат Ресен-Охрид– наведуваат од ОЈО Охрид.