Филипче: Медицинските работници и здравствените капацитети во целосна мобилизација – никој нема да остане без здравствена заштита

0
77

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче по деветтата седница на Советот за безбедност за актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 во земјава, на новинарско прашање истакна дека целиот клинички центар е во ситуација на мобилизација

„Утрово имав состанок со директорите на сите интерни клиники. На списокот на лекари, на медицински сестри, практично се сите вработени лекари, медицински сестри од клиниките и по потреба ќе работат во дополнителните капацитети. Најпрво со оглед на тоа што модуларната болница е скоро исполнета, Институтот за белодробни заболувања и дополнителни болнички легла во рамките во повеќе интерни клиники. Во Клиниката за дерматологија, Клиниката за неврологија која што има пристап до централен довод на кислород. Во рамките на другите болници секаде се ослободени интерните одделенија и целосно е ставен кадарот во истата ситуација, мобилизација како тука во Клиничкиот центар“, потенцираше Филипче.