Филипче одбил предлог на ВМРО ДПМНЕ за формирање на Специјална државна комисија за заштита и борба против пандемии и епидемии

0
72

ВМРО-ДПМНЕ му предложила на министерот за здравство Венко Филипче, да се формира специјална државна комисија за заштита и борба против пандемии и епидемии во моментот кога постојат или во иднина во момент кога повторно би се случиле.

„Предложивме таа комисија да брои 11 члена по функција тука би биле министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози 3 членови, епидемиолози 2 членови, микробиолози 2 членови имунолог еден член и специјалист интернист еден член“, соопшти на денешната прес конференција, Антонијо Милошоски.