Филипче – Се подготвуваме пациенти со КОВИД 19 да се носат во странство ако немаме кадар

0
123

Тројца здравствени работници од Клиниката за гинекологија имаат Ковид 19 и во моментот се на домашно лекување. Двајца лекари и 6 сестри од струмичката болница кои имаа позитивни тестови се опоравуваат и наскоро треба да се вратат на работните места. Вирусот не ги поштедува и медицинските лица и во моментот стотина од нив се меѓу активните случаи на корона. Само оваа недела, пак, двајца хирурзи од кумановската и штипската болница починаа поради компликациите од корона. Здравствените власти најавуваат дополнителни болнички капациетети низ државата само за третман на тешко болни со Ковид. Но колку ќе има кадар да одговори на зголемениот наплив на хоспитализирани?

-Секако и друг кадар ќе работи со овие пациенти. Еве во европски држави препраќаат пациенти од една во друга држава за да бидат згрижени. Се надевам такво сценарио нема да дојде и кај нас и еве, затоа се подготвуваме со тоа што има и други капацитеи во болниците, вели Венко Филипче, министер за здравство.