Функционерите треба да бидат пример за почитување на мерките, смета Филипче, а не да прават свадби

0
83

Семејните веселби кои угледни македонски политичари ги направија викендов на Косово и во Турција, предизвика револт кај граѓаните пред се зошто официјално ваквите прослави во државата не се дозволени, па градоначалникот Саша Богдановиќ и поранешниот пратеник Амди Бајрам со семејствата заминаа преку граница за да ги направат.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека политичарите секогаш треба да се пример за граѓаните кога станува збор за почитување на мерките, а не сред пандемија да прават свадби.

„Апсолутно ги осудувам свадбите кои се случија викендов. Ние сме тие кои треба да дадеме пример за граѓани, особено во услови кога секој ден имаме голем број новозаболени и болничките капацитети се полнат“, рече министерот Венко Филипче по повод свадбите на Богдановиќ и онаа во тесното семејство на Амди Бајрам.