ХРВАТСКАТА ПОЛИЦИЈА- ГРАЃАНИТЕ ДА ГО ПРЕДАДАТ ОРУЖЈЕТО

0
105

Пукањето на загрепскиот Плоштад „Свети Марко“, при што полицаец беше сериозно ранет, а двајца други беа загрозени, повторно го актуелизира прашањето за чување на преостанатото оружје, па хрватската полиција ги повика граѓаните доброволно да го предадат, без притоа да бидат санкционирани.

Според податоци на полицијата, од 2007 година кога почна акцијата „Помалку оружје, помалку трагедиии”, граѓаните доброволно предале над 5.000 парчиња забрането оружје, над 330.000 парчиња експлозивни средства, над 9.000 парчиња оружје што легално може да го поседуваат, околу 5,5 милиони парчиња муниција и над 5.000 килограми различен експлозив.

– Сепак, праксата укажува дека граѓаните сè уште поседуваат оружје, со што покажуваат неодговорност и ја загрозуваат сопствената безбедност и безбедноста на нивните деца, внуци и сите граѓани, изјави шефот на Службата против експлозии при Управата на полицијата, Маријан Николау.

Граѓаните кои „заборавиле” да го предадат оружјето или сè уште не се ослободиле од него од која било причина, Николау ги повика да изберат алтернатива и да го предадат оружјето наместо да бидат казнети, доколку се пронајде кај нив.

Тој апелира до граѓаните да не го донесуваат оружјето во полициската станица, туку да се договорат за времето и местото на испорака на телефонскиот број 192, по што припадниците на одделот за заштита од експлозии ќе го преземат оружјето на безбеден начин.