ЦРНО СЦЕНАРИО – ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА ДНЕВНО ВО БЕЛГИЈА ЌЕ СЕ ИНФИЦИРААТ ДО 10 000 ЛИЦА

0
309

Ако зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус продолжи со сегашната стапка, Белгија ќе забележи повеќе од 10.000 нови инфекции на ден до крајот на оваа недела, предупреди денеска белгискиот национален центар за кризи

Во моментов Белгија е на второ место во Европа според бројот на нови инфекции на 100.000 жители.

Пред една недела во оваа земја за 24 часа имаше инфицирано над 6000 граѓани со коронавирус.

Моментално Чешка е предводник по бројот на заразени каде на 100 000 жители се евидентираат и над 400 лица со КОВИД 19