Шест години затвор за поранешниот началник на УБК, Тони Јакимовски

0
82

Тони Јакимовски, поранешниот началник во УБК и ексшефот на кабинетот на тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков, е осуден на шест години затвор за случајот „Спец каса на УБК“, објави Кривичен суд.

Покрај него, затворска казна во висина од четири години доби Стево Маџовски, вработен во УБК, а ослободителна пресуда доби вработената во управата, Кристина Јосифовска

Подолу е пресудата од Судечкиот совет во предметот кој се однесува на проневера на пари од спец касата во УБК.

-Согласно објавата на пресудата, во текот на кривичната постапка која започна во октомври 2019 година, одржани се вкупно 11 продолженија на главната расправа , а дел од расправите се одржаа во време на вонреда состојба заради пандемијата со Ковид – 19, при што судот ги обезбеди сите соодветни услови согласно протоколите за заштита. Изведени се предложените материјални и вербални докази и, по предлог на одбраната, сослушан е сведок преку видео конференциска врска со надлежен суд во Букурешт, Р. Романија каде се наоѓал сведокот.Врз основа на сето горе изведено судот утврдил дека обвинетите подигале парични средства за потребите на касата за исплата на средства за посебни намени за УБК, но воедно утврдено е дека евиденцијата за потрошените парични средства се уништени заедно со документацијата за исплата, односно главната книга за евиденција без за тоа да постои посебно одобрение од директорот на Управта и без за тоа да биде формирана комисија за ништење на материјална документација.Против оваа пресуда странките, по приемот на пресудата, имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд, велат од Кривичниот суд.