Јанчев со детали: Сакав да ја продадеме Белата палата, наши гласачи живеат со по две евра на ден

0
209

Како Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ предложив да ја продадеме Белата палата. Не може да бидеме народна партија во држава каде што дел од народот и наши гласачи живеат дневно со по две евра, а ние да функционираме во палата каде еден кваратен метар од паркетот чини околу 500 евра, истакнаактуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев во интервјуто за емисијата Во Центар

Тогаш предложив да ја продадеме Белата палата. Извршниот комитет на партијата го прифати мојот предлог и ме задолжи да ги почнам преговорите со Комерцијална банка и со некои бизнисмени кои би биле заинтересирани за купување на зградата.
Јас имав средба со директорот на Комерцијална банка, Хари Костов и требаше да најдеме овластена куќа која ќе изврши проценка на вредноста на Белата палата, вели Јанчев.