Тежок удар новата владина мерка за преполовен број на патници во јавниот превоз, дел ќе се откажат дел ќе работат на црно

0
101

Новата владина мерка за преполовен број на патници во јавниот превоз ќе не докрајчи, велат комби – превозниците како и преставници на такси компаниите.
Со намален капацитет на патници не ни се исплаќа воопшто да работиме. Размислуваме да ја оставиме оваа работа и да останаме дома или пак да работиме на црно,

Од полицијата велат дека се постојано на терен и контролираат, пред се дали се носат заштитни маски, а од денеска и дали се почитува владината уредба за ограничување на патниците во јавниот превоз.

Ова е трета владина уредба во однос на ограничувањето на бројот на патниците во јавниот превоз. Во Тетово неколку месеци поради зголемен раст на бројот на заразени пациенти со КОВИД 19, беше воведена и целосна забрана за возење на комби превозниците и такси компаниите.