Министерството за здравство потврди дека триесет и петгодишниот пациент кој вчера почина од коронавирус на Инфективната клиника во Скопје немал никакви претходни заболувања.
Од таму велат дека пациентот една недела бил болен со покачена температура, главоболка и малаксаност.
„Лекуван е од страна на матичниот лекар и на 26 октомври е примен на Инфективната клиника каде по кратко време настало нагло влошување на состојбата. Немал други болести”, велат од Министерството за здравство.
Имено, 35-годишниот пациент кој се лекувал од коронавирус на Инфективната клиника во Скопје вчера беше најмладиот починат пациент.