80 НОВИ СЛУЧАИ И ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД 19

0
73

Во изминатото деноноќие регистрирани се 80 нови случаи на ковид-19 од направени 680 тестирања, а три лица починаа. Повеќе од половина од новите случаи се од Скопје и тоа 54, во Гостивар 7, Велес 4, во Тетово и Кочани по 3, Кавадарци, Виница и Свети Николе по 2 и по еден случај е регистриран во Куманово, Крива Паланка и Делчево.

Во болнички услови е починат 48-годишен пациент од Скопје, 68-годишен од Струмица и 78-годишен од  Струга.