Возилата со странски таблички ќе се регистрираат со 50% помали давачки

Владата нема точно премсетка за колку возила станува збор, но пресметале дека тоа ќе донесе прилив од околу 25 милиони евра во буџетот..

-Оваа одлука на владата, односно овој предлог закон е донесен како иницијатива на сопственици на овие возила, од друга страна тука се гледа можноста за прилив во буџетот. Единствено што имам информација е дека 25 милиони евра се планирани како приходи во буџетот, изјави Душко Арсовски портпарол на Влада.

Веднаш откако веста беше објавена, во јавноста се појавија реакции на еко-активисти и невладини, кои сметаат дека на овој начин ќе се легализираат стари возила кои загадуваат, но од Владата уверуваат дека стандарот ЕУРО 4 гарантира дека тоа нема да биде случај..

-Последна информација од царинската управа е дека е драстично намален увозот на стари возила, а наметнувањето на критериумите евро 4 сепак е во насока на тоа дека нема простор за стари возила кои на било кој начин би влијаеле на квалитетот на воздухот, изјави Душко Арсовски портпарол на Влада.