Соседите на Кујтим Фејзулаи го опишуваат како повлечен и религиозен, а словачката полиција објави дека уште во јули ги предупредила австриските власти дека Фејзулаи се обидел уште тогаш да купи куршуми за калашников
Сосетката на виенскиот терорист Кујтим Фејзулаи Гордана Николиќ (68) за медиумите раскажува дека го сретнала тој ден на скалите.
Беше насмеан, ми помогна со кесите од пазарење. Излегував од лифт, а тој одеше пешки по скалите. Кога ме виде, побрза, ми ги позема кесите и инсистираше да ми ги однесе до вратата од станот. Изгледаше среќно се смееше, си помуабетивме, се изгледаше нормално, вели Гордана.
Додава дека многу ѝ е тешко кога ќе се сети дека неколку часа подоцна убивал луѓе на улица. Кога излегувал од зградата носел црни широки панталони и дуксер со качулка, што значи дека се вратил да се преслече.
Секогаш бил повлечен, но беше згоден. Во очи ми влегуваа неговите панталони, имаа исламски белег, вели таа.