
Австрискиот канцелар Себастијан Курц објави дека земјата оди во нова блокада поради последиците од зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус.
Британскиот премиер Борис Џонсон објави дека мерките за карантин ќе стапат на сила во Англија во четврток по полноќ, откако бројот на заразени со Ковид-19 во Велика Британија надмина еден милион, додека вториот бран на епидемијата се заканува со колапс на здравствениот систем.
Откако локалните медиуми објавија дека се очекува воведување мерка карантин, премиерот на Велика Британија одржал прес-конференција на која ги потврдил овие тврдења.