Мас: Преговорите продолжуваат, се надеваме на решение до декември

Утре во Брисел веројатно нема да биде одобрен почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, `но шефот на германската дипломатија Мас смета дека се уште има шанси тоа да се случи во текот на декември.

На утрешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел најверојатно нема да има позитивен исход за македонските аспирации да се започнат преговорите за членство, но шефот на германската дипломатија Хајко Мас се надева дека тоа сепак ќе се случи во текот на германското претседавање со ЕУ кое завршува на крајот на годинава. Говорејќи на доделувањето на наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“ на македонскиот премиер Зоран Заев, Мас рече дека преговорите на таа тема продолжуваат.