Многу е важно сите што извршиле тешки злосторства на Косово да бидат казнети, објави руското Министерство за надворешни работи, коментирајќи го случајот со поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи.
– Клучно е сите сторители на сериозни злосторства, кои некогаш ги откри специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти, да бидат изведени пред лицето на правдата и заслужено да бидат казнети. Не смее да има недопирливи – стои во соопштението