Имунитетот на коронавирусот би можел да трае и до една година, а може дури и со децении, покажува новото истражување на угледни научници од лабораторијата која откри дека лицата кои закрепнале од болеста Ковид 19 развиле издржливо ниво на Б и Т ќелии.
Овие ќелии се неопходни за организмот во борбата против вирусот и можат да бидат присутно во телото многу долго.
Истражувачите ги анализирале примероците на крвта на 185 пациенти на возраст од 19 до 81 година, а кои на почетокот на пандемијата биле позитивни на коронавирусот, односно откриле дека повеќето од нив имаат доволно имуни ќелии за борба против вирусот и спречување на повторна инфекција.
Покрај тоа, антителата се покажале како издржливи, со исклучително слаб степен на опаѓање, што значи многу години, а потенцијално и децении на заштита од коронавирусот, пренесува Форбс.
Иако ова истражување се уште не е рецензирано, Њујорк Тајмс го нарекува „најсеопфатно истражување на одговорот на имунолошкиот систем на коронавирусот“.
Дописничка од Њујорк Тајмс Апрови Мандавил појаснува дека поголемиот број поединци заразени со коронавирус можат да бидат долго заштитени од повторни инфекции, додека вакцината произведува уште подолга заштита на имунитето.
„Веројатно нема да треба да ги вакцинираме луѓето секоја година како што се плашевме“, пишува Мандавил.