Полицијата прекина свадба – приведен сопственикот на ресторанот

Синоќа околу 18 часот, полицијата упаднала на свадба во ресторан во Гостивар по што веселбата е прекината, неофицијално дознава “Фокус”.

Според нивни извори во селото Добри дол, гостиварско, бил уапсен сопственикот на ресторанот.

Сите семејни прослави, веселби и слави се забранети, како заштита од новата болест.

Како за потсетување и претходно полицијата прекина свадба која се одржувала во угостителски објект во скопско Арачиново. Притоа интервенцијата полицијата во објектот биле затекнати околу 200 лица.