Само 13 отсто од населението има доверба во косовската влада

0
46

Само 13 отсто од жителите во Косово имаат доверба во владата во Приштина, а само 16 отсто имаат доверба во тамошниот парламент, пренесува Exit news.

Владата е „корумпирана“ или „многу корумпирана“ сметаат 72 отсто од испитаницитеа, покажува годишно истражување на Косовскиот центар за истражување на безбедноста (KCSS).

Десеттото издание на Косовскиот барометар за безбедност (KBS) ја мери перцепцијата на јавноста во 2020 година во однос на довербата во институциите и безбедносните прашања. Тој е поддржан од американската владина агенција Националниот фонд за демократија.

Испитаниците во истражувањето имаат поголема доверба во институциите за безбедност отколку во државните и судските институции. Безбедносните сили на Косово се институцијата со најголема доверба – со 81 проценти поддршка, а најмалку им се верува на тајните служби, царините и затворите.

Безбедносните институции се сметаат за помалку корумпирани од судството и државните институции. Над 40 проценти од граѓаните сметаат дека судовите и обвинителството се корумпирани или многу корумпирани.