Телата едвај биле извлечени: Во тешка сообраќајка кај Македонска Каменица загина жител на градот

Жител на Македонска Каменица починал во возилото на брза помош по тешката сообраќајка која се случила синоќа кај месноста Баткова Чешма на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица. Во сообраќајката директно се судриле две возила – „волво“ и „цитроен“. Во несреќата повредени се двајцата возачи, а едниот го загубил живото на пат кон болницата. Другиот е хoспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје.

Во извлекување на повредените од возилата учествувала екипа на Територијалната противпожарна единица, а делчевската полиција извршила увид на местото на несреќата и притоа сообраќајот бил во прекин околу еден час.