Пратеник истакна албанско знаме во Собранието на Србија.
При второто редовно заседавање на српското Собрание пратеникот на Обединетата долина – СДА Санџак, Шаип Камбери истакна српско и албанско знаменце покрај неговиот микрофон. Камбери ги налути присутните пратеници.
Тој рече дека ги бара истите права за Србите во Грачаница, кои можат да постават српско знаме, а Албанците да можат да го користат албанското знаме во градовите Прешево и Бујановац.
Камбери рече дека ова е цензура, но го тргна знамето. Премиерката Ана Брнабиќ, рече дека Камбери наместо за проблемите на граѓаните дискутира за знамето на Албанија.
Овој инцидент создаде тензии.