ЃОРЧЕВ – Со упадот во Собранието најмногу изгуби ВМРО ДПММЕ

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за организаторите на насилниот 27 – ми април. Случајот е во фаза на сослушување сведоци предложени од обвинетиот Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието. Меѓу сведоците беше неговиот сопартиец, Влатко Ѓорчев кој рече дека пред три години со насилниот упад најмногу изгубило ВМРО – ДПМНЕ.

Во судница сведочеше и поранешниот пратеник Зекирија Ибраими од БЕСА кој од собраниската говорница во тензичниот ден ја испеа албанската химна, потег кој тогаш предизвика дополнителна напнатост во собраниската сала. Во овој случај, освен Вељаноски, обвинети се и поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот шеф на УБК, Владимир Атанасовски.

„Ако сте го прочитале обвинението никаде не стои дека албанската химна која јас ја испејав, била причина за настаните од 27 – ми април. Албанската химна беше испеана во друг контекст пред завршување на пленарната седница. 1:28 Химната беше испеана во контекст на протест кон тогашниот претседател на Собранието кој дозволи пратеник од ВМРО – ДПМНЕ да ја испее македонската химна“, рече Зекирија Ибраими, сведок.