Јеремиќ: Бугарското вето за Македонија е трагична порака за регионот, ако попуштиме со Косово ќе ни испорачаат барања за БиХ

Претседателот на Народната странка на Србија, Вук Јеремиќ изјави денеска дека бугарското вето на патот на Македонија кон Европската Унија (ЕУ) е „скандалозно“ и би можело да има последици врз европските интеграции на целиот регион. Притоа ја повика ЕУ да го поддржи јужниот сосед во тој процес.

– Северна Македонија заради ветувањата за европска иднина, на инсистирање на Грција, со согласи дури и да го промени името на државата, а сега Бугарија ѝ бара да се понижи така што ќе се согласи со тврдењето дека неа треба да и се заблагодари за својот јазик и култура. Тоа е драматична порака која би можела во голема мера да ја релативизира европската мантра за добрососедски односи, рече Јеремиќ на сесијата на Варшавскиот безбедносен форум „Стратешки ривалитет? ЕУ, Русија и Кина на Западниот Балкан“.