Автомобил се преврте на булеварот „Климент Охридски“

0
80

Се преврте автомобил во центарот на Скопје, на булеварот „Климент Охридски“ блиску до крстосницата со „Илинденска“, на само стотина метри од зградата на Владата. При несреќата дојде и до мал судар со возилото десно од превртениот атомобил. Најверојатно директната причината за оваа несекојдневна сообраќајна несреќа кога се работи за центарот на градот, е во неприлагодената брзина на возење. Но, за целосните причини најверојатно ќе извести Министерството за внатрешни работи.