Агресијата на Кујтим не е од неговите родители, туку од некое друго место или организација, велат мештаните на Челопек

0
173

Мештаните на Челопек втор ден во шок и неверување, откако слушнаа дека момче со потекло од нивното село направи масакр во Виена. Велат дека родителите му биле били мирни, и агресијата на нивниот син не потекнува од нив, туку од други кругови каде живеел и со кого бил во контакт Кујтим.

-Јас работев со дедото на момчето во Австрија. За семејството можам да кажам само пофални зборови. Од када таа агресија на момчето не знам. Само знам дека тој живеел посебно во стан во Виена, и родителите немале многу работа со него. Него ниту го знам, ниту сум го видел. Родителите вистина е дека тука доаѓале, но момчето воопшто не сум го видел, вели еден жител на Челопек, истакнаа жителите на Челопек.

Куќата на родителите од момчето е затворена. Голем дел од семејството е отселено