Бајден ќе формира работна група за борба против коронавирусот

0
72

Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден почна да го формира неговиот тим за транзиција и рече дека денеска ќе објави дека ќе формира работна група на советници за борба против пандемијата на коронавирусот, која повторно се зголемува во САД. Тој најави дека тимот ќе биде составен од научници и експерти за справување со главниот предизвик со кој се соочуваат американските власти. Бајден вели дека тимот ќе работи на план што ќе стапи во сила веќе на 20 јануари 2021 година, на денот на неговата инаугурација. Во САД до саботата имало повеќе од 237 000 смртни случаи, а се пријавени 9,8 милиони случаи на заразени.