Бектеши: Не размислуваме за целосен карантин за хотелскиот сектор

0
83

Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека Кризниот штаб и Економскиот совет не размислуваат за целосен карантин за хотелскиот сектор, односно за целосно затворање на овој сектор, но тоа ќе зависи од бројот на заразени во земјата.

„Ако се случи тоа, ќе им помогнеме на туристичкиот и хотелскиот сектор како што беше досега“, рече Бектеши.

Министерот за економија додаде дека овој сектор е вклучен во четирите економски мерки одобрени од Владата.

Инаку, вчера во Македонија за прв пат се регистрирани 1.085 нови случаи на коронавирус.