Бугарија побарала од Македонија да потпише документ со гаранции, Каракачанов не запира

0
88

Ултиматимот до петок македонската влада да коригира се што пропуштила во замена за зелено светло, Каракачанов го испорача и денеска.

Во интервју за Нова ТВ, бугарскиот вицепремиер вели дека со македонската делегација вчера со Софија имале корисни седумчасовни разговори и дека македонската страна сфатила оти Бугарија не се шегува и дека сака јасни гаранции за спроведување на договорот за добрососедство. Тврди дека неговиот став за земјава е идентичен со оној на Борисов и Захариева и оти ниту имаат, ниту би подлегнале под надворешен притисок.
-Тие очекуваат некој поголем и посилен да ѝ објасни на Бугарија колку е важно Македонија, која е центар на вселената да влезе во ЕУ. Ние им кажавме, има уште неколку дена. Нов договор ќе треба ли? Дали ќе биде нов договор е една варијанта за решението. Дали ќе биде анекс кон постоечкиот договор, дали ќе биде протокол, тоа треба да се потпише. Таму треба да се најде проблемот како јазикот, идентитетот и историјата, вели Красимир Каракачанов, вицепремиер на Бугарија.

Но, позицијата на Каракачанов и воопшто на официјална Софија наиде на критика кај дел од бугарските интелектуалци. Во интервју за Радио Фокус, професорот по културна антропологија на Универзитетот во Софија, Ивајло Дичев, вели дека ставот на Бугарија е целосно неразбирлив.

-Се отвори прозорец, историска шанса, а што се случува? Измислуваме некакви смешни причини за блокирање на ова членство. Смешни, бидејќи тие главно се поврзани со политичките амбиции на г-дин Каракачанов, кој гледа дека му се намалуваат гласачите. Јас лично, како и Македонците и Европејците, не разбирам што точно бараме од Македонија, вели Дичев.

Дека Европската Унија и Германија тешко го разбираат спорот, признава и членот на бугарскиот тим од заедничката комисија за историски прашања, Иван Илчев. Вели не исто во Европа да се отвори дебата за Александар Македонски и за Гоце Делчев.

-Нашиот спор за Германија е многу мал. Читав некаде дека германскиот министер за надворешни работи изјави дека спорот е буре во чаша вода. Што ние направивме во последните 50 или 100 години за да ја убедиме Германија дека имаме причини за овој спор., изјавии Иван Илчев, член на бугарскиот тим на мешовитата комисија за историски прашања за порталот „Bulgaria ON AIR“.

Бугарската академија на науките вчера застана зад позицијата на Софија да не ја прифати предложената преговарачката рамка за Македонија.