Велешанец ја тепал сопругата со кабел: Обвинет за обид за убиство

0
103

Педесет и седумгодишен жител на Велес е осомничен за обид за убиство на неговата сопруга.

Тој ја тепал сопругата со кабел и ѝ се заканувал дека ќе ја убие. Од ударите, жената се здобила со повеќе повреди по целото тело и скршеница на едната рака.

Како шро соопштија од Основното јавно обвинителство Велес, отворена е истрага против лице на 57-годишна возраст, осомничено за кривично дело обид за убиство.

Осомничениот во текот на вчерашниот ден се обидел да ја лиши од живот својата сопруга при вршење семејно насилство, така што ѝ пришол и со кабел од шина започнал да ја удира по телото. Од ударите оштетената паднала на подот. Осомничениот не ѝ дозволувал да стане, туку и се заканувал дека „ќе ја однесе во гробот на мајка ѝ“, „ќе ѝ ја затвори устата така што ќе ѝ ја наполни со крпа“ и дека „ќе ѝ го скрши черепот“ – се наведува во соопштението.

Оттаму дополнуваат дека тој продолжил да ја удира со кабелот по целото тело и престанал дури откако во куќата дошла нивната ќерка. Од ударите, жената добила повеќе повреди по целото тело и скршеница на раката.

Јавен обвинител доставил до судот предлог за определување притвор за осомничениот.