Вирусот притиска, Македонија од петок во „кризна состојба“

0
125

Како што дознава Дојче веле, се очекува Советот за безбедност да препорача, а Владата да прогласи кризна состојба во наредните 30 дена. Армијата активно се вклучува во справувањето со пандемијата.
Голема е веројатноста дека од петок, на целата територија на земјата ќе биде прогласена кризна состојба. Таа ќе го отвори патот за целосен ангажман на Армијата, но ќе и овозможи на државата да ги користи и ресурсите на приватни компании и болници.