Влада- забрането групирање на повеќе од четворица и преку ден

0
69

Владата на денешната седница донела одлука за забрана за собирање во групи на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана, информираат од владината прес служба.

Во соопштението се наведува и дека било заклучено поранешни армиски службеници, над 45-годишна возраст, да се вклучат како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции.

Владата одлучила и Мнистерството за одбрана, за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од Ковид19 за определен временски период да отстапи одреден број санитетски возила.