ВМРО-ДПМНЕ: Парите за новогодишни украси Град Скопје да ги пренамени за корона кризата

0
84

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје апелира парите од 200 илјади евра кои Шилегов ги троши на украсување на градот Скопје за Нова година да се пренаменат за помош од корона кризата. Тие потсетуваат дека градоначалникот на Скопје веќе еднаш ја одбил иницијативата на советничката група парите да се пренаменат. Не треба да се трошат пари за светилки, а да немаат болниците возила за брза помош. Според нив Шилегов за 3 години потрошил 741 илјада евра за украси.