Вознемирувачко Видео- Престрелка во Виена со жртви

0
154

Најмалку едно лице загина, а неколку други се повредени во престрелка во центарот на Виена во како што тврди министерот за внатрешни работи, терористички напад во близина на главната синагога, објави Ројтерс

Новинар на телевизијата ОРФ, повикувајќи се на полиција, рече дека неколку лица биле убиени додека на социјалните мрежи кружеле гласини дека има седум лица.

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер за ОРФ изјави дека најверојатно станува збор за терористички напад

Тој додаде дека нападот најверојатно го извршиле неколку лица.

Полицијата на својот профил на Твитер соопшти дека еден од напаѓачите е убиен и дека се повредени уште неколку лица, меѓу кои и полицаец.