Во велешката болница за 24 часа шестмина починати, петмина со позитивен тест на Ковид-19

0
73

Во велешката Општа болница продолжува црниот биланс, вчера попладне починал 79-годишен маж, негативен на КОВИД, а вечерта бил донесен маж на 63 години во тешка состојба, позитивен на КОВИД кој починал набрзо по приемот.

Утринава починале уште четворица пациенти, три жени на 81, 85 и 76-годишна возраст, како и еден маж на 59 години. Сите биле КОВИД-позитивни.

Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, вкупниот број на хоспитализирани пациенти е 80 од кои 69 се позитивни, 10 се сомнителни на КОВИД и еден е негативен, додека од пациентите 30 се на кислородна поддршка. ад/мч/

На Инфективно одделение има 54 пациенти и е целосно полно, на Физикално одделение хоспитализарни се 15 а има уште слободни десет кревети и на Интерно Б крак има хоспитализирано 11 пациенти , а има 15 кревети.