Во два одделни случаи откриени 12 мигранти од Авганистан и од Турција

0
60

Полицијата во два одделни случаи, на патот Градско-Велес и на велешка патарина, открила 12 мигранти во возила, 10 од Авганистан и двајца од Турција, соопшти МВР.

Ноќеска после полноќ на регионалниот пат Градско-Велес полициски службеници од СВР Велес забележале патничко возило „опел зафира“, со радовишки регистарски ознаки, кое на даден знак за сопирање, продолжило со движење. По кратко време возилото застанало и во него биле пронајдени 10 лица мигранти од Авганистан, од кои пет малолетни. С.А.(24) од Арачиново, скопско, бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а мигрантите биле задржани во Прифатниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.

Два часа подоцна на пункт „Отовица“, полициски службеници од Полициското одделение Чашка, при преглед на патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ј.(23), а совозач бил М.Ј.(19), двајцата од Скопје, пронашле двајца мигранти од Р.Турција. Осомничените биле приведени во полициска станица.

Полицијата работи на расчистување на случаите.