Во Општина Маврово и Ростуша тлото се тресело во неколку наврати

0
104

На социјалните мрежи граѓани кои живеат во повеќе населени места во Општина Маврово и Ростуша велат дека тлото се тресело во неколку наврати.Раскажуваат дека немаат штети, но претпоставуваат дека на старите трошни куќи при толку тресење, можеби има и материјални штети

И градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша Медат Куртовски на својот фејсбук профил, објави дека нема до општината пријавени ниту една штета, или некоја друга последица од земјотресот.

Неколку граѓани досега го пријавиле земјотресот до Центарот за управување со кризи