Вучиќ со честитка за нашите фудбалери: Србија со сето срце ќе биде со вас!

0
80

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска им честиташе на граѓаните на Северна Македонија за пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство, јави дописникот на МИА од Белград.

-Им честитам на сите граѓани на Северна Македонија за историскиот успех и пласманот на фудбалската репрезентација на Европското првенство. Ние, граѓаните на Србија, со сето срце ќе бидеме со вас, напиша Вучиќ на инстаграм профилот „Будуќност Србија“.