Вучиќ ја алармираше јавноста: БЛИСКУ СМЕ ДО КАТАСТРОФА, САМО УТРОВО ИМАШЕ 47 ПОЧИНАТИ

0
187

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека денес е најтешкиот ден за Србија што се однесува до коронавирусот и дека најверојатно секој следен ќе биде тежок.

– Утрово имавме 47 мртви, ќе има уште повеќе луѓе до два. Состојбата во болниците е ужасно тешка – рече тој.

Вчера во Србија беа регистрирани 7.579 позитивни лица, а 41 лице почина.

Српските здравствени власти информираа дека направени биле 22.231 тест.

На респиратор има 223 пациенти. Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 1.315. Во болница поради Ковид-19 се 6.597 лица. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 140.608 заразени пациенти, а тестирани се вкупно 1.682.416 лица.

Властите донесоа нови мерки за училиштата. Кризниот штаб одлучи дека средните и основните училишта (само повисоките одделенија), како и факултетите, се префрлаат на онлајн настава.