Вучиќ: Ќе му честитам на Бајден, но за Србија ќе беше подобро доколку победеше Трамп

0
134

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјавил дека доколку Доналд Трамп победил на претседателските избори во Америка, тоа ќе била подобра опција за Србија, но дека секако ќе му ја честита победата на Џо Бајден.

„Слушнав разни критики. Луѓето се различни: оние кои имаат морал и чест и оние на кои тоа им се непознати категории. Ме напаѓаат затоа што го пофалив Трамп. Јас нема да се откажам од тоа. Никогаш не сум кажал ниту еден лош збор за Бајден, иако го познавам подобро од Трамп. Се имам запознаено со него четири или петпати. Реков и се уште стојам на ставот дека за Србија ќе беше подобро доколку победеше Трамп. Но, нема да зборувам лошо за Бајден. Ќе се обидам да остварам најдобра можна соработка“, изјавил Вучиќ и додал дека ќе му честита на Бајден и ќе му посака успех.