Главната сестра во битолската болница поднесе неотповиклива оставка

0
103

Главната медицинска сестра во Клиничката болница во Битола, Радмила Бајовска, поднесе неотповиклива оставка, објави Нова Македонија.

За оставката на местото главна сестра, Бајовска покрај директорката на болницата Билјана Гагачевска, лично го запознала и министерот за здравство Венко Филипче.

Засега не се познати причините за оставката на Бајовска. Инаку Бајовска е сестра со долгогодишно искуство и таа беше главна сестра во изминатите неколку години, објави Нова Македонија