Горбачов: Победата на Бајден е шанса за подобри односи меѓу Русија и САД

0
77

Последниот советски претседател, 89-годишниот Михаил Горбачов, смета дека победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД може да биде шанса за подобрување на меѓусебните односи меѓу Москва и Вашингтон.

Во интервју за агенцијата Интерфакс, Горбачов изјави дека Бајден е „чесна личност која го следи патот на разумот” и оцени дека неговата победа е можност за спасување на „Новиот СТАРТ, договорот за контрола на вооружувањето меѓу најголемите нуклеарни сили во светот, што истекува во февруари 2021 година