Грција воспоставува тринеделен карантин

0
122

Грчкиот премиер Мицотакис изјави дека се приморани да ги спроведат овие драстични мерки откако случаите во претходните 5 дена рапидно се зголемуваа. Тој исто така изјави дека доколку не ги воведеле овие мерки здравствениот систем би бил под огромен притисок да се справи со напливот на пациенти.

За разлика од карантинот кој беше на сила изминатата пролет кога градинките и училиштата беа затворени овојпат тие остануваат отворени, средните училишта ќе почнат да функционираат со онлајн настава а рестораните ќе функционираат исклучиво со достава на храна.

Граѓаните ќе смеат да ги напуштат домовите само за да одат на работа или во училиште, за медицински причини и физички активности но само доколку добијат претходна дозвола од властите.

Вчера Грција пријави рекордни 2646 новозаразени во еден ден со што бројката на потврдени случаи се зголеми на близу 47.000, а 673 лица завршиле со фатален исход