Данска ќе уништи цела популација визони поради мутација на коронавирусот

0
81

Здравствените власти регистрираа мутација на коронавирусот кај визоните која се проширила и на луѓето, наведе премиерката на прес-конференција.

„Мутираниот вирус кај визоните може да претставува ризик за ефикасноста на идната вакцина“, изјави таа.

Пронајдените траги од вирусот кај луѓето и кај визоните покажуваат намалена чувствителност на антитела, па поради тоа се намалува ефикасноста на идната вакцина. Во нордиските земји и понатаму постојат жаришта на фарми на визони, и покрај напорите на властите да ги убијат заразените животни од јуни.

Откритието со визоните е споделено со СЗО и со Европскиот центар за превенција и контрола на болести.