Дачиќ: Немојте да ја прогласувате бугарската окупација за административна управа

0
70

Претседателот на националното Собрание на Србија, Ивица Дачиќ, вчера во емисија на ТВ Пинк оцени дека премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, не е политички незнајко и знае дека ова не е точно.

Тој вели дека дел од неговите изјави во однос со Бугарија се во насока да се обезбеди согласност од Софија да почне преговори со Унијата.

„Ама добро, ако они мислат дека се Бугари и немаат свој јазик… Јас не знам дали нашата јавност воопшто е запознаена со тоа што точно Бугарија бара. Тоа се нивни билатерални односи. Нас тоа не не интересира. Но немојте да ми ја прогласувате бугарската окупација за административна управа. Бугарската окупација беше дел од Хитлеровата коалиција. Барем ние кои живееме на југот на Србија знаеме колку беа тешки бугарските злосторства. Тоа не било, како што кажа Заев, административна управа. Тие со тоа плукаат на својата антифашистичка борба. А тоа дека Југославија ги раздвојувала од Бугарија, еве нема веќе Југославија, па што сега ве раздвојува, што чекаат сега, Југославија ја нема 29 години. Тие ако толку сакаа да се прегрнат не би чекале до 2020 година, туку во 1991 година веднаш, бидејќи Југославија толку ги раздвојувала, веднаш би побрзале во прегратка“, посочи Дачиќ.

Дачиќ додаде дека не би сакал никој да помисли дека жали за Југославија, која, како што вели, ја сака и го сака социјализмот, но мисли дека денот кога била создадена бил несреќен ден за српскиот народ