Двајца скопјани загинаа во тешка сообраќајка во Прага

0
66

Двајца Македонци загинале во тешка сообраќајна несреќа која рано утрово се случила во Чешка на автопатот Прага-Усти.

Како што јавуваат локалните медиуми повикувајќи се на официјални полициски информации, во несреќата загинале две момчиња на возраст од 30 и 27 години од Скопје кои со автомобилот БМВ се враќале кон Македонија

Според првичните сознанија, возило марка БМВ излегло од автопатот, по што две лица, возач и сопатник, починаа на самото место – изјавила портпаролката на полицијата Вероника Хиплерова.

Полицијата ги истражува причините за несреќата.