Денеска во светот се регистрирани над 58 милиони заболени со коронавирусот

0
76

Премиерот на Полска, Матеуш Моравиецки, денеска објави дека следната сабота ќе бидат повторно отворени трговскитње центри со цел да се зајакне малопродажниот сектор за време на Божиќните празници.

Полската влада донесе одлука да се затворат местата за излегување и забава и некои продавници од 7 ноември поради зголеменото ширење на корона вирусот.

Моравјецки најави ублажување на овие мерки, но одлуката ја услови со одржување дисциплина во секоја продавница и на секое место.

„Ублажувањето може да спаси стотици илјади работни места и затоа решивме да ги ублажиме мерките“, истакна Моравјецки и најави дека училиштата ќе останат затворени до Божиќ.

Бројот на лица заразени со коронавирус во Русија е зголемен за 24.822, што е најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата, и ова е четврти пат оваа недела Москва да објави најголем дневен биланс досега.

Бројот на нови смртни случаи од последниот пресек е исто така најголем дневно што го потврдила досега Русија – 467, пренесува ТАСС.

Претходниот најголем дневен биланс на жртви бил потврден во четвртокот, кога 463 лица починале.

Во Русија досега се потврдени 2.064.748 случаи на ковид -19, додека 35,77 пациенти починале како резултат на болеста.

Вкупно се опоравиле 1.577.435 луѓе, а оваа бројка е зголемена за 26.021.

Денеска во Мексико се регистрирани 6.426 нови случаи на коронавирус, а 719 лица починале, објави Министерството за здравство на таа земја.

Според Ројтерс, бројот на пациенти се искачил на 1.025.969.Вкупно починале 100.823 лица.

Во Индија се потврдени нови 46.232 случаи на коронавирус, а во Њу Делхи ситуацијата е алармантна.

Капацитетите на единицата за интензивна нега и главниот крематориум се скоро полни, а здравствените власти утврдиле оваа недела дека зголемувањето на бројот на новоинфицирани е многу поголемо отколку што се очекувало.

Во последните неколку недели, Њу Делхи бележи околу 6.700 нови случаи на коронавирус секој ден.

Министерството за здравство денеска соопштило дека во последните 24 часа биле потврдени 564 смртни случаи од корона, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата достигнал 132.726, пренесува АП.

Иако се чини дека зголемувањето на бројот на новоинфицирани во земја со 1,3 милијарди жители се забавува, експертите предупредуваат дека официјалните податоци можат да дадат лажна надеж бидејќи не се откриени многу случаи на инфекција.

Индија вчера надминала девет милиони потврдени случаи на ковид-19 и е втора во светот по бројот на заразени, по САД.