Донација од ЕВН во таблети за учење од далечина

0
69

ЕВН Македонија го продолжи проектот 20 – 20 – 20 со учениците на средното техничко училиште од Гостивар. Откако ги опреми овие студенти со опрема и овозможи спроведување на праксата во ЕВН и можноста да бидат вработени таму, ЕВН денеска ги опреми учениците со електронски уреди, поточно таблети за учење преку интернет.

ЕВН Македонија дистрибуираше вкупно 23 таблети за 23 ученици од втората генерација на овој проект, што се реализира во Гостивар од минатата година, додека во Скопје е веќе четвртата генерација на истиот проект, преку кои ЕВН во соработка со техничките училишта, овозможува соработка, но и можности за вработување на учениците по завршувањето на школувањето за електричари.

„Горди сме затоа што можеме да помогнеме во ова време кога дигитализацијата го покри целиот свет и на луѓето им се потребни овие алатки и ние во ова време се обидуваме да ги обезбедиме и овој товар да ја носиме ние како компанија, така што во иднина да имаме најдобра можна соработка со сите училишта на кои им е потребен ваков вид технологија“, рече Ардит Садику, директор на ЕВН филијала Тетово.