Професор Шахин: Животот ќе се врати во нормала до следната зима

0
74

Ефектот на новата вакцина против Ковид-19 ќе се почувствува значително во текот на претстојното лето, а треба да се врати во нормала до следната зима, тврди еден од креаторите на вакцината, професорот Угур Шахин, косопственик на „Бионтекс“.

Шахин верува дека оваа зима сепак ќе биде тешка бидејќи вакцината нема да има големо влијание врз бројот на новозаразени, пишува Би-би-си.

Во интервју за Би-би-си, професорот Шахин изјави дека е убеден дека вакцината ќе го намали преносот на вирусот меѓу луѓето и со тоа ќе спречи развој на симптоми кај луѓето кои се вакцинирани. Тој додаде дека можно е и вакцината да го преполови преносот на вирусот, што би било од големо значење.

т.