Една жртва и четворица млади луѓе настрадани по излетување од коловозот во Богданци

0
95

Двеаестгодишник почина, а уште четири млади лица се повредени откако со патничко возило излетале од патот на улица „Маршал Тито“ во Богданци.

На улица „Маршал Тито“ во Богданци, во саботата околу 4 часот утротот патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот В.С. од Богданци излетало од патот, соопшти МВР.

Во незгодата возачот В.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што починал. Сопатниците во возилото Р.К. на 19 години, Ѓ.Ш.( на 21, Д.Д. на 21 и Н.Ш. на 20-годишна возраст, сите од Богданци, се здобиле со телесни повреди.